Дигиталните ресурси може да бидат во секаков облик и формат: текст, слики, фотографии, аудио, видео, веб страници, презентации и секаков друг облик и формат во зависност од потребата. Дигиталните ресурси во литературата се познати и како дигитални објекти. Овие дигитални ресурси може да се користат за домашна потреба, за потреба на бизнисот, на образованите, за работа, за учење, за забава итн. Дигиталните ресурси се неизбежен дел од е-општеството. Во последните десетина години сме сведоци на енормниот прогресивен и неконтролиран раст на ваквите дигитални ресурси.
Со пенетрацијата на интернетот во сите слоеви на општеството и со пошироката достапност на интернет пристапот, важноста на дигиталните ресурси значајно порасна. Поради таквиот развој се јавува потреба од организирано складирање на дигиталните ресурси во дигитални репозиториуми или дигитални библиотеки, овозможување на нивна достапност, пребарување на репозито- риумите и наоѓање на бараните дигитални ресурси, нивна реупотреба и споделување. Во случај кога овие репозиториуми се составени од слободни и онлајн достапни копии на верификувани (рецензирани) ресурси и кога не постојат ограничувања за нивна употреба преку лиценцирање или ограничувања од друг тип, тие можат слободно да се користат за истражувања, настава, учење или за други потреби станува збор за отворен пристап.
Лабораторијата при работењето придонесува преку истражување и преку апликација на истражувањата за практична примена на заинтересираните субјекти.
- Процес на дигитализација
- Складирање, чување и одржување на дигиталните ресурси
- Регистрација и индексирање на дигиталните ресурси
- Архитектура на репозиториумите
- Стандардизација на дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки
- Имплементација на информациски системи поврзани со дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки
- Друго не спомнато, а поврзано користењето на дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки
- Организирање на предавања, работилници и семинари за дигитализација, дигитални ресурси и дигитални репозиториуми
- Обуки за практично користење на дигиталните ресурси
- Имплементација на дигитални репозиториуми и библиотеки
- Имплементација на информациски системи поврзани со дигитални ресурси
Е-библиотека на Универзитетот „Гоце Делчев“ е сервис кој ги следи потребите на новиот и современ начин на студирање и е креиран целосно во прилог на студентите и вработените на Универзитетот. Универзитетската Е-библиотека ги собира на едно место изданијата на сите 13 факултети и придружни институти кои функционираат во состав на Универзитетот. Сите важни изданија, учебници, учебни помагала и стручни прирачници сега им се достапни на оние кои имаат најголема потреба од нив, нашите студенти. На дигиталните полици во Е-библиотеката ќе пронајдете голем број електронски изданија на стручна литература што ви е потребна. Електронскиот библиотечен фонд постојано се збогатува, со што и слободниот пристап кон стручната литература се зголемува. Преку сервисот Е-библиотека, Универзитетот „Гоце Делчев“ на своите студенти им обезбедува брз, едноставен и бесплатен пристап до потребната литература. Е-библиотека за современо студирање!
Целта на проектот е подобрување на веб индикаторите на Универзитетот Гоце Делчев и зголемување на обемот на содржини објавени на универзитетските веб домени кои се индексирани од страна на големите комерцијални пребарувачи. Целта на проектот е да се направи мрежа помеѓу академскиот кадар на универзитетот со цел да се зголеми комуникацијата и нивната достапност на интернет, а воедно тоа претставува и зголемување на самата видливост на универзитетот. Во склоп на овој проект спаѓаат:
Е-репозиториумот е збирка на научно истражувачки публикации на персоналот од Универзитетот Гоце Делчев, Штип. Оваа е-складиште служи за да се управуваат, чуваат и ги става на располагање академските дела на факултетот, постдипломските студенти, како и истражувачките групи. Колекцијата вклучува факултетски публикации, магистерски и докторски тези. Ова складиште се ажурира редовно и новите дела се додаваат во колекцијата.
Учесници во проектот: доц. д-р. Зоран Здравев, доц. д-р. Игор Стојановиќ, Билјана Костуранова, Марина Иванова, Мирјана Коцалева, Сања Стефанова, м-р Стојанче Спасов, Гоце Богатинов, Јордан Тиквешански
УГД Scholar порталот е базиран на OpenScholar системот и е дизајниран за академски средини како алатка за креирање на академски лични веб страни, со цел да се поттикне онлајн соработка и да се обезбедат релевантни информации за публикации, биографии, настава и друго.
УГД Scholar ви нуди нова генерација лични академски веб страни. Сега секој може лесно да креира и да управува динамична и индивидуализирана веб страна со интерфејс лесен за користење и со изглед и чувство за единствен личен израз.
Учесници во проектот: доц. д-р. Зоран Здравев, доц. д-р. Игор Стојановиќ, Мирјана Коцалева, Сања Стефанова, Марина Иванова, м-р Стојанче Спасов, Гоце Богатинов, Јордан Тиквешански
Онлајн дигитална збирка на трудови од годишните зборници на УГД. Овој систем се користи како замена на досега печатените зборници.
Учесници во проектот: доц. д-р. Зоран Здравев, доц. д-р. Игор Стојановиќ, Сања Стефанова, Марина Иванова, Мирјана Коцалева, м-р Стојанче Спасов, Гоце Богатинов, Јордан Тиквешански
The goal of this project is using the mathematical model for process of the image blurring to develop efficient and confidential methods for digital image restoring. In the focus will be the methods for removing the blur from image, caused by uniform linear movement, that are significant in the applications for removing the blur from the x-ray images, systems for automatic recognition of the registration plates, bar code images, LCD televisions and monitors etc. Nowadays, image restoring is subject of intensive researches in the industry and scientific institutions. The big multinationals companies as Samsung, Philips, Siemens and others are investing money in the scientific-researches from this area.
The aim of the project is to increase the human capacity in high schools that will work on the integration of ICT in teaching through the application of technologies for e-learning and through creation of digital content for education in the form of online OERs. The project will provide training for the creation of digital content and the integration of ICT in teaching that is designed for a critical number of teachers from each partner organization. Creation of a critical number of digital content for teaching that will be used by all partner organizations and the wider community of teachers is also foreseen with the project. Besides teachers, students who will use these OERs will benefit from the project.
Web link: ioerc.ugd.edu.mkAiming to provide means for improvement of human capacity this project will contribute to the creation of critical number of experts and on-line OER tools that will provide service to farmers and rural community in order to increase their agricultural production, but to be aware on the necessity for environmental protection as well. Groups of extension specialists in plant production and plant protection, along with organic farmers will be exposed to the foreign experiences in applying Integrated Pest Management and Organic farming principles on a farm level. HEI, members of this consortium will join forces in order to create short-term courses on most important IPM and Organic principles which will be practical know-how transfer.
Web links: oer-ard.ugd.edu.mk ; obp.ugd.edu.mkЦелта на проектот е да се вклучат повеќе иновативни сили, да се промовира иновативноста, да учествуваат млади кои работат на иновациите. Како краен продукт имаме веб апликација што ќе ја користи единицита на локална самоуправа и ќе биде достапна за сите потенцијални инвеститори и оние кои веќе водат бизнис во Источниот плански регион и ќе биде поддржана и со андроид апликација.